Спортска прогноза: Атлетико против „пациентот“ Атлетик Билбао брзо ќе ја преболи елиминацијата од Јувентус

Атлетико Мадрид со години важи дека е една од најцврстите екипи во Европа, која тешко прима голови. Против Јувентус во Лигата на шампионите синоќа требаше да сочуваат позитива од два погодоци, но не успеаја. Италијанскиот првак предводен од Кристијано Роналдо се радуваше на триумф од 3-0, што значеше и елиминација на Атлетико од Лигата на шампиони.

Атлетико едноставно оди по стапките на градскиот ривал Реал. На двата мадридски тима им остана само првенството во Шпанија како единствена надеж дека може да стигнат до титула. И тоа ќе биде многу тешко бидејќи Барселона е лидер во Примера со седум бодови пред Атлетико и дури 12 пред Реал.

„Јорганџиите“ од Мадрид сега ги чека ново тешко гостување, и тоа во Билбао против Атлетик. Тој меч е и дел од понудата на деветото коло на Спортска прогноза. Неверојатна е серијата која вели дека Атлетико Мадрид дури 13 меча нема пораз во дуелите со Атлетик Билбао. Не само што не губи, туку тимот од Мадрид се радувал на 11 од тие последни 13 средби (пет пати на гости). Ова покажува дека двојката за викенд-дуелот е најреален исход.

Мобилните телефони iPhone XS и Samsung Galaxy A6 се добиваат за оние кои ќе имаат одлично коло. „Среќна 13-ка“ носи  iPhone XS, а со еден утнат меч може да се освои Samsung Galaxy A6. Вредносни ваучери од Sport Life се добиваат за 11 и 10 погодени мечеви.

Освен наградите за тековното коло, причина за да не се пропушти прогнозирање ниту еден викенд се наградите коишто се доделуваат во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести