„Ранетите лавови“ Челзи и Манчестер јунајтед ќе играат во големото дерби на Англија, а овој меч е и најатрактивен од понудата на Спортска прогноза за ова коло. Челзи во последниот меч од Премиер лигата го претрпе најубедливиот пораз, и тоа на гости кај Манчестер сити, а сега ривал е вториот тим од Манчестер.
Јунајтед во Англија има 10 победи во 11 меча во првенството и во Купот, но во првиот дуел од Лигата на шампионите доживеа тежок удар. „Црвените ѓаволи“ на свој терен загубија од Пари Сен Жермен со 2-0 и речиси сигурно ги загубија шансите за пласман понатаму. Тренерот на најтрофејниот клуб во Англија, Оле Гунар Солскјер, вели дека целиот нивни фокус ќе биде насочен на мечевите во Англија. Пред овој меч, Челзи треба вечерва да „одработи“ во Лигата на Европа против Малме.
Дуелите во ФА купот секогаш се посебен предизвик затоа што тоа е најстаро натпреварување во светот, а не смее да се дозволи пораз бидејќи тоа значи и елиминација. Сигурно в понеделник ќе има голема борба на „Стемфорд бриџ“, а вие ќе имате можност да прогнозирате за исходот на средбата.
Покрај дербито во Англија, на понудата на Спортска прогноза има уште 12 двојки на кои треба да го погодите „фиксот“ ако сакате да стигнете до „Среќна 13-ка“ и да го освоите мобилниот телефон iPhone XS. Освен iPhone XS, се доделува и Samsung Galaxy A6, за оној кој ќе има 12 погодени меча. Таква среќа во минатото коло имаше Игор од Струмица.
Освен мобилните телефони, може да освоите и вредносни ваучери од спортските обложувалници на Sport Life. Немојте да пропуштите ниту едно коло бидејќи на тој начин ја губите шансата за трката во Генерален пласман, каде што исто така се добиваат вредни награди.
Затоа веднаш прогнозирајте, и тоа бесплатно, и бидете дел од оние кои може да добијат вредни подароци.