Спортска прогноза: Дербито на Рим секогаш е тешко да се предвиди како ќе заврши

Следниов викенд ќе биде полн со дерби-мечеви во повеќе европски првенства, а секако еден од најинтересните ќе биде дуелот во Рим меѓу Лацио и Рома. Дербито на Вечниот Град секогаш носи неизвесност, па ќе биде тешко да се предвиди конечниот резултат. Сепак, кога има еден вака атрактивен дуел, предизвик е за сите, па и за играчите на Спортска прогноза, кои ќе имаат можност да го дадат своето мислење за конечниот исход.

Ривалството на римските екипи е започнато на осми декември 1929 година, кога е одигран првиот меч, а Рома победила со 1-0. Од тој меч досега вкупно се одиграни 187 дуели, во кои Рома има 71 победа, 64 средби се нерешени, а Лацио се радувал 52 пати.

Сезонава и Рома и Лацио имаат исти амбиции, а тоа е да се изборат за место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона. Сепак, засега двете екипи се надвор од топ 4 во Серија А. Рома има 44 бодови, еден помалку од четвртопласираниот Милан, што значи дека со триумф над Лацио, може да стигне до посакуваната позиција. Лацио заостанува шест бода зад „римската волчица“, но не се предава.

Освен дуелот на „Олимпико“, во понудата на Спортска прогноза за ова коло има уште 12 меча. Доколку ги погодите сите 13 дуели, односно имате Среќна 13-ка, тогаш ќе станете сопственик на мобилен телефон iPhone XS. Еден утнат меч повторно носи мобилен телефон, и тоа од марката Samsung Galaxy A6, додека со 11 и 10 погодоци сте добитници на вредносни ваучери од Sport Life.

За разлика од претходните викенди, овојпат колото ќе стартува малку порано, поради тоа што лондонското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал е закажано за утре, во 13:30 часот.

Затоа побрзајте со типувањето.

- Оглас -

Најнови вести