Спортска прогноза дојде до претпоследната станица, дербијата се предизвик за мајсторите

Уште само еден ден остана до крајниот рок за типување во 35-тото, претпоследно коло на Спортска прогноза за оваа сезона.

Со свои прогнози на бесплатната игра може да се приклучите до сабота, до 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда на Среќна 13-ка, а тоа е дуелот од италијанската Серија А помеѓу Удинезе – Болоња.

Треба да ги погодите исходите на неколку дербија. За сабота ви се нудат уште дуелите Борусија Дортмунд – Лајпциг, Барселона – Атлетико Мадрид, Манчестер сити – Челзи, а локално баскиско дерби е и дуелот на Атлетик Билбао со Осасуна. Кај сите овие парови, од оние прогнозери кои досега типувале, најголем број веруваат во победа на домашните екипи.

И в недела има дербија од кои најинтересни се Јувентус – Милан и Реал Мадрид – Севилја. И тука големи фаворити на прогнозерите, според досегашните проценти, се домашните екипи.

Возбудливо е и во Генералниот пласман. Таму во водство е Перо К. со три бода предност, но тоа не е предност која му гарантира титула во третата сезона на Спортска прогноза. Sport Life ќе ги награди петтемина најдобри во Генералниот пласман. Затоа е важно да се погодат и двата резервни пара кои се сметаат во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести