Новото, 17-то коло на Спортска прогноза е поразлично од сите претходни бидејќи имате единствена можност да типувате во една, а резултатите да ги чекате во друга година и покрај тоа, во основната понуда немаме само натпревари од европските лиги, туку и аргентинското Суперкласико помеѓу Бока јуниорс и Ривер плејт, што му дава посебен шарм на колото.
Од вчера може да се прогнозираат мечевите на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
Може да прогнозирате до сабота во 15.30 часот, кога почнуваат двата бундеслигашки дуели меѓу Ајнтрахт и Баер Леверкузен, односно Вердер – Унион Берлин.
Во играта можат да учествуваат сите обложувачи во Sport Life што имаат СЛ картичка, и тоа бесплатно за награди што се примамливи. Премијата во секое коло е прекрасниот „ајфон 11“, што ќе го добијат прогнозерите кои ќе ги погодат сите парови на популарната „Тринаесетка“. Sport Life ги наградува и утките, па за погодени 12 двојки, наградата е ваучер од 1.000 денари што може да се искористи за добитни тикети.
За две промашувања ви следува ваучер од 500 денари, а има топ-награди и за најдобрите во Генералниот пласман, што ќе се доделат по завршувањето на третата сезона на Спортска прогноза.
Поради неизвесната ситуација со ковид-19 во англискиот фудбал, одлучивме да понудиме само еден меч од Премиер лигата, оној меѓу Брајтон и Вулверхемптон. В недела од 01.30 часот е големо дерби меѓу Бока и Ривер. Според големо мнозинство прогнозери кои досега типувале, во предност е домашниот тим.
Секако, треба да се внимава и на резервните двојки бидејќи носат важни поени во Генералниот пласман.