Манчестер сити и Тотенхем во недела ќе ги одмерат силите во финалето од Лига купот на Англија, а како што стојат работите, прогнозерите кои веќе ги приложија своите типови во најновото 33-то коло на Спортска прогноза очекуваат триумф на Граѓаните.
Дури 83,18% од учесниците се потрпеа на фаворитот во ова финале, додека малку повеќе од 6% од прогнозерите веруваат дека на „Вембли“ ќе се случи чудо.
Сити како бранител на куп-натпреварувањето атакува на четврти трофеј во низа, која почна од 2018 година и непрекинато трае веќе четврта сезона. Тотенхем без менаџер, односно без Жозе Мурињо, а со неискусниот Рајан Мејсон тешко дека ќе може да приреди изненадување.
Доколку Сити победи во 90 минути, повеќето прогнозери ќе си ги зголемат шансите да го зграпчат „ајфонот“, кој се доделува за погодени 13 парови. Секако, има подароци и за прогнозерите со една, односно две утки, а тоа се ваучери од 1.000 и 500 денари во Sport Life.
Секој погоден пар е доста значаен во Генералниот пласман, каде што по крајот на сезоната, на најдобриот прогнозер се доделува Смарт ТВ 48 инчи.