Спортска прогноза: Француско дерби во кое може да „изгори“ шампионот

Третото пролетно коло на Спортска прогноза носи неколку интересни дерби-мечеви. Најнеизвесно може да биде во Лион, каде што домашниот Олимпик ќе го пречека шампионот Пари Сен Жермен. „Светците“ се неприкосновени лидери во шампионатот, но Лион е во одлична форма и ова може да биде најтешкиот тест за шампионот во Франција.

Пред 10-тина дена, Лион доби едно големо дерби, и тоа на гости кај Сент Етјен со 2-1. Потоа двапати славеше и над Амиен, еднаш во Купот и еднаш во првенството. Сепак, сега е најголемиот предизвик за домаќините. Во првиот дел од сезоната, ПСЖ со 5-0 го понижи Лион, што е дополнителен мотив за реванш. Минатата сезона Лион славеше против ПСЖ со 2-1 и сега сигурно очекува ист епилог.

Во ПСЖ ќе треба да се навикнат во следните два месеци да играат без Нејмар, кој е на рехабилитација по повредата на ногата. Ова е прв потежок меч за ПСЖ без Нејмар, па „светците“ ќе видат како функционираат без Бразилецот во пресрет на дуелите со Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Освен дербито во Франција, на понудата на Спортска прогноза има уште 12 парови кои треба да ги погодите за „Среќна 13-ка“ и освојување на „iPhone XS“. Со еден непогоден пар, односно 12 погодени прогнози, повторно добивката е мобилен телефон, но „Samsung Galaxy A6 2018“.

Освен мобилните телефони, може да добиете и вредносни ваучери од Sport Life. За 11 погодени парови се добива ваучер од 500 денари, додека за 10 погодени парови ваучерот е во вредност од 200 денари.

Освен тековните добивки за секое коло, следуваат добивки и за Генерален пласман. Токму затоа не пропуштајте ниту едно коло од Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести