Спортска прогноза: „Икс“ е најпаметна опција во дербито на Мерсисајд

И во новото коло на Спортска прогноза има доста интересни парови преку кои прогнозерите ќе се обидат да го дофатат примамливиот iPhone XS. За претстојниот фудбалски викенд Премиер лигата повторно подготви градско дерби, битката за Мерсисајд меѓу Евертон и Ливерпул ќе се одвива на „Гудисон парк“.

Во ситуација кога Карамелите се домаќини, најчест исход е реми. Така беше во седум од последните 10 меѓусебни дуели меѓу Евертон и Ливерпул, во кои тимот на сегашниот предводник Карло Анчелоти бил во улога на домаќин. Првата овосезонска средба заврши со 5-2 во корист на Црвените, но тој резултат не треба да се земе предвид бидејќи избраниците на Јирген Клоп играат многу послабо од периодот кога апсолутно доминираа во англискиот шампионат и не знаеја за негативен резултат.

Новото коло на Спортска прогноза може да се одложи доколку дел од натпреварите нема да се одиграат во предвидениот термин. Причината за одложувањето на натпреварите е коронавирусот, поради тоа што шпанската федерација ги суспендира фудбалските натпревари, а во ова коло има три меча од Ла Лига. Колото нема да важи за главниот подарок iPhone XS, додека останатите парови ќе се сметаат во Генералниот пласман.

Секое коло посебно типувате за прекрасен „ајфон“, кој ќе го добие мајсторот за Спортска прогноза што ќе ги погоди сите 13 двојки. Sport Life има подароци и за утки. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утки има подарок ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман води Христијан Т. со 185 поени, што е 13 поени предност пред најблиските конкуренти Петре И. и Славе Б. Подарокот за шампионот е ТВ Смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопниг со СЛ Маркетот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести