Новото, шесто пролетно коло на Спортска прогноза со Спорт Манија и обложувалниците на Sport Life веќе е подготвено, 13 доста интересни парови ќе ве натераат добро да се замислите пред да донесете конечна одлука. Еден од тие понеизвесни мечеви е средбата на „Артемио Франки“ меѓу Фиорентина и Интер.
Избраниците на Лучијано Спалети ги очекува незгодно гостување во Фиренца, на тло од „виолетовите“ трпеле тешки порази во изминативе неколку години. Против нив е и традицијата, „нераѕурите“ како гости против Фиорентина последен пат се радувале на победа во февруари 2014 година, а во недела (20:30 часот) може да го продолжат петгодишниот пост.
Фиорентина во добра форма ќе има голем мотив да запише нови три бода и против вториот тим од Милано, откако претходно во текот на сезоната минимално го совлада Милан (1-0). Минатото коло во италијанскиот шампионат покажаа колку се разиграни фудбалерите на Пиоли, постигнаа четири гола против СПАЛ, од кои три се случија за помалку од 10 минути.
Од почеток на 2019 година во меч на кој Фиорентина е домаќин, редовно се постигнувале два или повеќе погодоци, а тоа важи и за Интер, кој како гостин е доста поефикасен отколку во улога на домаќин.
Прогнозата на овој меч може да биде и пресудна во трката за вредните награди што за вас ги подготвија Спорт Манија и Sport Life.
Главната премија што е во игра за секое коло на Спортската прогноза е iPhone XS, мобилен телефон што е „ин“ и вреди да се има, а во нашата игра може да се добие како награда со 13 погодени двојки во секое коло.
Со едноставно прогнозирање на страницата на Спорт Манија само во неколку чекори, бесплатно ќе се вклучите и во игра за мобилен телефон Samsung Galaxy A6, но и за вредносните ваучери од спортските обложувалници на Sport Life.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО
Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.
1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници