Новото 21-во коло на Спортска прогноза втор ден е во тек и голем дел од учесниците веќе ги приложија своите прогнози. Во понудата од 13 пара, патот кој води до главниот подарок „ајфон 11“ е потежок за поминување бидејќи во ова коло има едно големо дерби кое се игра во Премиер лигата.
Еден од главните конкуренти за титулата, Манчестер јунајтед, гостува кај лутиот ривал Арсенал, дерби кое е предвидено да се одигра во саботното попладне.
Црвените ѓаволи сезонава се непоразени на гости во англиското првенство, односно имаат учинок од осум победи и две ремија во 10 гостувања. Поради тоа, поголемиот дел од прогнозерите, поточно 55,81% од нив веруваат дека тимот на Солскјер ќе слави на „Емирати“.
Само 21,96% очекуваат триумф на Топчиите, додека останатите 22,22% од учесниците се надеваат дека ќе нема победник во Лондон.
Секако, за освојување на премијата треба да се погодат и останатите 12 натпревари кои се во понудата, а без разлика на учинокот во ова коло, погодените парови се сметаат во Генералниот пласман, каде што по крајот на сезоната се доделува Смарт ТВ 48 инчи за прогнозерот со најмногу точни прогнози.