Спортска прогноза: Каде што има македонски играчи, нема да има победници

Новите 13 пара во 32-рото коло на Спортска прогноза се нова шанса да се дофати главниот подарок, „ајфон 11“, а за да заврши во нечии раце, треба да се погодат дуелите во кои има двајца македонски репрезентативци.

Елиф Елмас со неговиот Наполи во недела ќе го пречека лидерот во Серија А, Интер, дерби за кое прогнозерите сметаат дека ќе нема победник. Досега повеќето учесници се потпираат на реми меѓу овие две екипи, односно 40,55% типуваа X, додека победа на Наполи очекуваат 32,27%, или двојка во корист на Нераѕурите 27,18%.

Енис Барди со Леванте истиот ден ќе го вгости Вилјареал. И тука мнозинството прогнозери очекуваат реми, или поточно 40,02% типуваа X, односно 29,30% од нив очекуваат Леванте да победи.

Во ова коло има уште дузина интересни двојки на популарната Тринаестка, игра што трае веќе трета сезона и е забавна и што е најважно бесплатна.

Сè што е потребно е да имате СЛ картичка, а процесот за учество е многу лесен и најважно е да се подготви добра стратегија за да се погодат основните 13 пара во 32-рото коло.

Секако, не треба да се заборават и двете резервни двојки што носат поени за подобри позиции во Генералниот пласман. Трката и тука е суперинтересна, веќе се ближи крајот на сезоната, а шампионот ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести