Спортска прогноза: Колото број пет е предизвик за секој репрезентативен експерт

Тешко беше четвртото коло на Спортска прогноза поради доста изненадувачки резултати, но еден прогнозер успеа да оствари критериум за да добие ваучер. Марко З. е прогнозерот кој доби ваучер од 500 денари од Sport Life, а му недостасуваа две точни прогнози за премијата „aјфон 11“.

Во новото, петто коло добивате нова шанса за главниот подарок, примамливиот смартфон на „Епл“, а за да стигнете до него ќе треба да ги погодите 13-те парови од новиот циклус во Лигата на нациите. Репрезентативната пауза е одлична шанса да се покаже експертизата и познавањето на најдобрите селекции од Стариот Континент.

За сабота се предвидени три меча, почнувајќи од дуелот Фарски Острови – Летонија, кој почнува во 18 часот. Недела е преполна со дуели, меѓу нив е и гостувањето на Македонија кај Естонија (18 часот), па дали пристрасноста кон нашата селекција ќе се покаже како добитна комбинација, ќе покаже времето.

Има и две големи дербија, ќе се одржи реприза од мечот за трето место на Мундијалот во Русија меѓу националните тимови на Англија и Белгија, додека силите ќе ги одмерат светскиот првак Франција и европскиот шампион Португалија.

Колото завршува во понеделник навечер со исклучок од репрезентативните дуели, со последниот натпревар од втората шпанска лига меѓу Сарагоса и Албасете.

Секако, има и два резервни пара кои вредат во сметањето во Генералниот пласман, каде што главен подарок е Смарт ТВ 48 инчи и се доделува на крајот од сезоната за прогнозерот со најмногу точни прогнози. Тоа се Шпанија – Швајцарија и БиХ – Холандија.

Од 14 часот веќе можете да ги приложите вашите прогнози и бесплатно да влезете во трката за „ајфонот“.

- Оглас -

Најнови вести