Ново коло, нови предизвици на Спортска прогноза. Милан повторно игра дерби, овојпат гостува кај Рома. Откако во претходното коло ремизираа со Наполи, сега повторно за „росонерите“ ќе треба добро да се размисли пред да се прогнозира. Се работи за борба за четвртото место, Милан засега има само еден бод предност пред „римската волчица“.
Избраниците на Џенаро Гатузо имаат шанса да ја продолжат серијата победи против Римјаните и на три средби, бидејќи на стартот од сезоната на „Сан Сиро“ славеа со 2-1, а во февруари минатата сезона на „Олимпико“ триумфираа со 2-0. Вчера на дело го видовме и Кжиштоф Пјатек, кој со два гола го елиминираше Наполи од Купот на Италија, па сега сите очекуваат од него да продолжи да ги тресе мрежите.
Првата награда за секое коло е прекрасниот мобилен телефон iPhone XS, а за да го имате во колекцијата, треба да ги погодите сите 13 парови. Со 12 погодени парови следува уште една многу вредна награда, мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018.
Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО
Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.
1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници