Спортска прогноза: Осмото коло повторно нуди дерби од Премиер лигата

Претходното коло беше доста тешко за прогнозирање, имаше многу дербија и затоа добивме само три „десетки“. За следниот викенд одредени се нови 13 парови (+ две резерви) за осмото пролетно коло на Спортска прогноза со Спорт Манија и обложувалниците на Sport Life.

Овојпат дерби е само едно, дуелот oд Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед кој се игра во недела (17:30 часот), а има неколку интересни дуели и во Серија А. Фиорентина го пречекува Лацио, додека македонскиот капитен Горан Пандев со својата Џенова ќе гостува кај непријатната Парма.

Во Шпанија нема да мѝ биде лесно и на Валенсија, „лилјаците“ гостуваат кај Жирона, која кога има свој ден, може да го совлада и големиот Реал Мадрид.

Паровите се подготвени за прогнозирање, а ние во текот на оваа работна недела ќе се потрудиме да ви помогнеме при анализирање на средбите за полесно да се дојде до посакуваниот iPhone XS.

Главната премија што е во игра за секое коло на Спортската прогноза е  iPhone XS, мобилен телефон што е „ин“ и вреди да се има, а во нашата игра може да се добие како награда со погодени 13 двојки во едно коло.

Со едноставно прогнозирање на страницата на Спорт Манија само во неколку чекори, бесплатно ќе се вклучите и во игра за мобилен телефон „Samsung Galaxy A6“, но и од вредносните ваучери од спортските обложувалници на Sport Life.

Како потсетување, Спортската прогноза нуди двојна можност за награди, а се бие битка и за водечките позиции во Генералниот пласман. Тука се сметаат и двата резервни пара, а и тие носат поени како и редовните 13 двојки во секое коло. Прогнозирањето за новото коло веќе е почнато од денеска, не го пропуштајте, а можете да типувате 13+2 двојки до почетокот на првиот меч, односно до сабота во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести