Спортска прогноза: Останаа уште неколку часа за прогнозирање

Новото коло од Спортската прогноза ќе биде достапно до 15:30 часот. Оние кои досега не успеаја да прогнозираат имаат уште време да се наметнат во трката за главната награда за „среќна 13-ка“ iPhone XS, односно за Samsung Galaxy A6 (2018) за 12 погодени парови, а секако има и вредни награди за тие што ќе погодат 11 или 10 парови.

Прогнозирањето завршува со почетокот на дуелот од Бундеслигата меѓу Херта и Волфсбург (15:30 часот), додека денешниот ден го затвораат Ремс и Марсеј (21 часот).

Освен мобилните телефони, може да добиете и вредносни ваучери од Sport Life. За 11 погодени парови се добива ваучер од 500 денари, додека за 10 погодени парови ваучерот е во вредност од 200 денари.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

- Оглас -

Најнови вести