Спортска прогноза: Останаа уште неколку часа за прогнозирање

Прогнозирањето за осмото пролетно коло на Спортска прогноза е во завршна фаза, а вие како прогнозери имате последна шанса да ги типувате паровите во „среќна 13-ка“ со надеж дека токму во ова коло ќе бидете добитници на еден од мобилните телефони iPhone Xs и Samsung galaxy A6.

За разлика од претходното коло кое беше зачинето со многу дербија, сега има само еден тежок меч, оној меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, но и за останатите 12 парови исто така треба да се потрудите да го погодите точниот тип.

Нормално, има награди и за оние кои ќе погодат 11 или 10 парови, за нив следуваат ваучери од Sport life обложувалниците во вредност од 500, односно 200 денари.

Како потсетување, Спортската прогноза нуди двојна можност за награди, а се бие битка и за водечките позиции во Генералниот пласман. Тука се сметаат и двата резервни пара, а и тие носат поени како и редовните 13 двојки во секое коло. Прогнозирањето за новото коло веќе е почнато од денеска, не го пропуштајте, а можете да типувате 13+2 двојки до почетокот на првиот меч, односно до денес во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести