Спортска прогноза: Освоен е Samsung Galaxy A6, доаѓа ли редот на iPhone XS?

Новите возбудувања на Спортска прогноза стартуваат денеска. Во 5. пролетно коло имаме нови 13 натпревари на кои треба да прогнозирате и доколку сте успешни, може да добиете вредни подароци. За погодени сите 13 парови, односно за „Среќна 13-ка“ се добива мобилен телефон iPhone XS.

Вредна добивка има и за само еден промашен пар, односно 12 погодени. Со таков успех, наградата е мобилен телефон Samsung Galaxy A6. Таква среќа, но и знаење имаше Игор Данилов во 4. коло. Тој успеа да погоди 12 парови и на тој начин стана првиот освојувач на мобилен телефон на Спортска прогноза. Доколку имаше малку повеќе среќа, односно ако Валенсија дадеше еден гол, Игор ќе освоеше iPhone XS.

Токму затоа, продолжете да играте Спортска прогноза и да бидете во трка за вредни добивки. Освен тековните предизвици, како и вредносни ваучери од спортските обложувалници на Sport Life, постојаното типување во секое коло, носи можност за успех и во Генерален пласман, каде има други вредни подароци.

Затоа не чекајте и веднаш прогнозирате на новите 13 парови од Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести