СПОРТСКА ПРОГНОЗА: Петмина останаа во трка за iPhone XS

По одиграните пет саботни меча на Спортска прогноза, останаа само петмина типстери со перфектен биланс. Тие ја продолжуваат битката за освојување на iPhone XS, кој се доделува за „Среќна 13-ка“, односно погодени сите 13 натпревари.

Освен овие петмина, има и 26 играчи кои имаат четири погодени натпревари и тие се во можност да добијат мобилен телефон, но од марката Samsung Galaxy A6. За утре и задутре се закажани преостанатите осум меча по кои ќе се знае дали ќе го имаме и првиот добитник на еден од двата мобилни телефони.

Од досега одиграните средби, најинтересно беше на градското дерби во Мадрид, меѓу Атлетико и Реал. Иако Реал е најтрофеен клуб во Шпанија, вербата дека Кралевите триумфално ќе си заминат од „Ванда Метрополитано“ била само кај 25,6 отсто од прогнозерите. Вкупно 182 играчи од преку 700 типстери, типувале за „двојка“.

Утре има уште едно големо дерби, но во Англија. Манчестер сити го пречекува Челзи. За тоа како сте прогнозирале, но и да ги видите прогнозите на сите останати кликнете ТУКА.  

- Оглас -

Најнови вести