СПОРТСКА ПРОГНОЗА: Петмина во трка за iPhone XS, на мобилен телефон се надеваат уште 56-мина

По четирите одиграни саботни меча од Спортска прогноза, само петмина прогнозери се со перфектен биланс и остануваат во трка за освојување на мобилен телефон  iPhone XS. Овие петмина прогнозери успеаа да ги погодат двата „икса“ во германската Бундес лига меѓу Шалке – Фрајбург и Херта – Вердер, како и победата на Сосиедад против Леганес(3:0) и триумфот на Милан на гости кај Аталанта (3:1).

Од досега одиграните мечеви, најголемо изненадување беше неуспехот на Шалке да го победи Фрајбург. Многумина од прогнозерите за тој меч типуваат „кец“, а Фрајбург успеа да одигра 0:0. За денеска има уште шест меча од програмата на Спортска прогноза, а колото ќе се комплетира со трите средби кои се утре на распоред.

Освен петмината кои се со максимален учинок, има уште 56 прогнозери кои имаат три погодено од четири одиграни средби, па на тој начин и тие се надеваат дека може да освојат мобилен телефон Samsung Galaxy A6, но и од вредносните ваучери од спортските обложувалници на Sport Life.

Mile PachemskiXX12X122112X1X14
Antonio TrajkovXX12X21XXX22X224
Ванчо АтанасовXX121XXXX1X12X24
Orce StojanovXX121X211X2XX1X4
Sara IcevaXX12121112X11X24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести