Петтото коло на Спортска прогноза е во тек и може да се одигра до сабота до 15.30 часот, кога ќе почне мечот од Бундеслигата меѓу Мајнц и Фрајбург, но главното доаѓа следниот ден, кога има три дерби-натпревари, по еден во Англија, Италија и Шпанија.
Во недела ќе се кршат копјата за убавата премија „ајфон 12“ што се доделува во секое коло на бесплатната игра која веќе четврта сезона по ред ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
Во 17.30 часот се игра лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челзи, еден од трите меча што се во фокусот во петтото коло на Спортска прогноза.
Во вечерен термин од 20.45 часот ќе играат Јувентус и Милан во Серија А, а само 15 минути подоцна ќе почне шпанското дерби меѓу Валенсија и Реал Мадрид, две од трите екипи што го делат првото место со Атлетико Мадрид со по 10 бода.
Ако се прегрмат тие натпревари, ќе остане мечот меѓу Удинезе и Наполи во понеделник да се чека точна прогноза за да се освои „ајфонот“.
Илија Несторовски сè уште не игра и се рехабилитира по повредата и операцијата на коленото, а Елиф Елмас ќе биде на спротивната страна во тимот на Наполи.
За да се дојде до прекрасниот мобилен телефон, треба да се погодат сите 13 натпревари во основната програма. Не треба да се заборават и двата резервни пара меѓу Келн и Лајпциг и Вест хем и Манчестер јунајтед, кои се бодуваат за Генерален пласман.
За учество во играта ви треба само СЛ картичка од Sport Life, која, како и играта, е бесплатна и можете да ја извадите во сите обложувачки места на Sport Life.