Третото коло од четвртата сезона на Спортска прогноза нуди мечеви од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Катар. Традиционално, исходите од дуелите на репрезентациите се потешки за погодување, но во минатата сезона имаше и случаи кога за малку не беше освоен „ајфон“ во коло во коешто беа средби на национални тимови.
Во оваа понуда се најде и дуелот меѓу Исланд и нашата Македонија, кој е закажан за в недела во 18 часот. Во вториот ден откако паровите се достапни за прогнозирање, учесниците кои досега ги приложија своите типови, сметаат дека патот до главниот подарок ќе се помине доколку нашите Рисови не загубат во Рејкјавик. Околу 43% од учесниците очекуваат реми, додека нешто повеќе од 37% од нив сметаат дека избраниците на Благоја Милевски ќе триумфираат. Околу 17% од прогнозерите не ѝ даваат шанса на Македонија, па очекуваат ова гостување да донесе разочарување за нашиот национален тим, а за нив среќно прогнозирање.
Како за потсетување, единствен услов за учество е да се има СЛ картичка од Sport Life. Картичката исто така е бесплатна и можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life.