Два дерби дуели во италијанската Серија А, холандско „Класико“, как и уште 10 интересни парови се на понудата на Спортска прогноза во ова коло. Шанса да прогнозирате имате до 15:30 часот кога впрочем и ќе започнат првите мечеви од понудата, а тоа се средбите од германската Бундес лига меѓу Волфсбург – Баер Леверкузен и Фрајбург – Хофенхајм.
Вкупно шест средби ќе се одиграат денеска, а секако најпривлечен е дуелот меѓу Милан и Наполи. Утревечер има уште едно италијанско дерби и тоа во Рим, каде Лацио ќе игра против шампионот Јувентус. Најжешко сепак се очекува да биде во Ротердам каде Феенорд ќе го пречека Ајакс.
Вистински предизвик е да се погодат сите 13 парови. Со погодени 13 меча, се добива мобилен телефон iPhone XS, додека со погодени 12 парови, следува Samsung Galaxy A6 2018. Во секое коло има и ваучери од Sport Life за погодени 11 и 10 парови, а со континуирано учество ќе останете во игра за првите пет позиции во Генералниот пласман на популарната 13-ка, кои исто така носат вредни подароци.
Затоа прогнозирајте !