Спортска прогноза: Последна шанса за Атлетико да ја забави Барса на патот кон титулата

Мечот со Атлетико, кој може да значи голем чекор кон нова титула во Шпанија за Барселона, не можеше да не биде вметнат во понудата за новото коло од Спортска прогноза.

Атлетико со Диего Симеоне како тренер 11 пати гостувал на најголемиот стадион во Европа и никогаш не победил. Само еднаш не примија гол, а имаа пет црвени картони. Една од причините за лошите резултати е и постот на Антоан Гриезман. Французинот никогаш не дал гол на „Камп ноу“.

За Барселона, мечот со мадридските „јорганџии“ е подготовка пред пресметката со Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите. Ако победи Барса, ќе се одлепи со плус 11 бода разлика и со тоа веќе ќе ја има титулата в раце. Каталонците 13 години не знаат за пораз на свој терен во дуелите со Атлетико, па и овојпат се фаворити на хартија.

Покрај дербито во Барселона, на Спортска прогноза има уште 12 средби на кои треба да погодите дали ќе биде 1,Х или 2 на крајот. Доколку погодите „Среќна 13-ка“, односно ги погодите сите мечеви, ќе бидете добитник на мобилен телефон iPhone XS. И само со едно промашување се добива мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6 2018. Досега имаме двајца добитници на ваква награда благодарение на погодените 12 средби од понудата на Спортска прогноза.

Добитни ќе бидете и со 11 и со10 погодоци. За таков успех следуваат вредносни ваучери од по 500 и 200 денари од Sport Life обложувалниците. Затоа вреди да се игра Спортска прогноза.

Прогнозирајте за да добиете.

Освен тековните награди за секое коло, следуваат подароци и за најдобрите во целиот циклус на Спортска прогноза, односно за најдобрите во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести