Спортска прогноза повторно со клупски фудбал – Четвртото коло во четвртата сезона е нова шанса за „ајфон 12“

Спортската прогноза повторно е со клупски фудбал, по едно коло на кое на популарната Тринаесетка беа натпревари од квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

Четвртото коло во четвртата сезона на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија повторно е со позната тема за прогнозерите, со клупски фудбал од петте најквалитетни лиги во Европа.

Тоа е и нова шанса за атак на главната премија во секое коло „ајфонот 12“ што го доделува Sport Life, а потребно е да се погодат сите 13 парови на Спортска прогноза.

За учество во играта што е многу популарна и е бесплатна потребно е само да имате СЛ картичка од Sport Life; која исто така е бесплатна и може брзо да се добие на сите уплатни места на обложувалницата.

Во фокусот на ова коло на популарната Тринаесетка се двата дуели од Серија А и дербито во Неапол меѓу Наполи и Јувентус во сабота од 18 часот и ден подоцна во Милано меѓу Милан и Лацио во истиот термин од 18 часот.

Колото е отворено за прогнозирање до сабота до 15.30 часот кога ќе почне првиот меч од програмата меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд во Бундеслигата.

Секогаш интересна е и битката во Генералниот пласман, а тука многу важни се и резервните двојки. Во секое коло ги има по две, а сега се англиско-германска комбинација и треба да се погодат конечните исходи на дуелите меѓу Саутемптон и Вест Хем и меѓу Борусија Менхенгладбах и Арминија Билефелд.

Наградите се веќе познати, во секое коло за погодена Тринаесетка се добива „ајфон 12“, за 12 погодени мечеви ви следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за две утки има ваучер од 500 денари.

Во генерален пласман на крајот од сезоната шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди за пазарување во СЛ маркетот ќе добијат следните четворица прогнозери зад него што ќе имаат најмногу поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести