Рокот за прогнозирање е до утре до 16 часот, односно пред почетокот на првиот меч од ова осмо коло меѓу Њукасл и Евертон. Покрај тој дуел, акцентот ќе биде ставен на англиското дерби меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, а во Серија А се игра интересна пресметка меѓу Фиорентина и Лацио.
„Среќна 13-ка“, односно погодување на сите 13 понудени мечеви носи освојување на мобилен телефон iPhone XS. И за еден утнат пар се добива мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6 2018. Со 11 и 10 погодоци имате загарантирано вредносни ваучери од Sport Life.
На понудата се мечеви од англиското, германското, француското, шпанското, но и од бразилското првенство.
Освен добивките кои се потенцијални во секое коло, редовноста во играње на Спортска прогноза ве носи чекор поблиску и до добивките кои се добиваат за најдобрите во Генерален пласман.