Се приближува почетокот на новиот предизвик за играчите на Спортска прогноза. Деветтото коло започнува утре, во 15:30 часот, со дуелот од Бундеслигата меѓу Аугсбург и Шалке. До пред почетокот на средбата може да ги дадете своите прогнози за 12-те мечеви кои се на понудата и да бидете во трка за освојување на мобилниот телефон „самсунг А6“.
Во ова коло како предизвик ќе бидат неколку дерби-дуели кои имаат повеќе децениска традиција. Ливерпул – Манчестер јунајтед сигурно е во фокусот на вниманието, но интересно ќе биде да се погоди и конечниот исход на Динамо Загреб – Хајдук и градското дерби на Виена помеѓу Австрија и Рапид. Колото завршува в понеделник, со мечот од италијанската Серија А меѓу Атланта и Лацио.
Во досегашните осум кола имаше неколку 11-ки, но ниту еднаш не се најде јунак кој ќе ги погоди сите 12 мечеви. Освен телефонот, кој следува за перфектно прогнозирање, секое коло тука се и ваучерите од Sport Life. За 11 погодени натпревари, следи ваучер од 1.000 денари, за 10-ка се добива ваучер од 500 денари, додека 200 денари ваучер имаат сите оние со девет погодоци на Спортска прогноза.
По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.