18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Спортска прогноза се игра со мерак, прогнозерите го очекуваат првиот „ајфон 12“

Во тек е 11-тото коло на Спортска прогноза во четвртата сезона на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life и се очекува првиот добитник на „ајфон 12“.

Рокот за да се приклучите е до утре, до 13.30 часот, кога ќе почне лепезата од 13 натпревари во ова коло од популарната Тринаесетка. И веднаш на стартот има интересен дуел меѓу Лестер и Арсенал во Премиер лигата, а потоа се игра уште еден меч во Англија, меѓу Барнли и Брентфорд од 16 часот.

Во фокусот ќе бидат двата саботни дуели меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, односно Валенсија со Вилјареал во Ла Лига. Прогнозерите, и тоа одличен процент од околу 51 отсто што досега прогнозираа, веруваат дека Црвените ѓаволи со победа во Лондон ќе се рехабилитираат за дебаклот во дербито против Ливерпул што го загубија со 0:5.

Убедливо најголем фаворит според досегашните прогнози е Бордо против Ремс во француската Лига 1, а дури 81 отсто веруваат дека избраниците на Владимир Петковиќ ќе ги освојат бодовите.

Во недела финишот е со дербито во Италија меѓу Рома и Милан од 20.45 часот, а ако има добро коло, евентуални добивки, меѓу кои е и премијата за секоја рунда „ајфонот 12“, ќе зависи од исходот на последниот меч на Тринаесетката меѓу Вулверхемптон и Евертон што ќе се игра во понеделник, од 21 часот.

Интересна е и трката во Генерален пласман, каде што шампионот ќе се поднови со ТВ Смарт од 48 инчи, па затоа треба да се внимава и на двата резервни пара кои носат поени.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести