Спортска прогноза се враќа, и тоа со неколку супер дерби-дуели

По кратката пауза поради новогодишните и божиќните празници, омилената бесплатна игра на Sport Life повторно е активна. Спортска прогноза продолжува со 19-тото коло од четвртата сезона, а на понудата има нови 13 интересни мечеви од најатрактивните фудбалски лиги во Европа.

Возбудувањата ќе започнат в сабота од 15 часот со дуелот Сампдорија – Торино во Серија А, а дербито на денот е Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен. Во неделната програма има седум средби и тогаш се поголемите возбудувања.

Тотенхем игра против Арсенал во големото лондонско дерби, Марсеј е домаќин на Лил во францускиот супер дуел, а Аталанта ќе го тестира шампионот Интер во Италија. Меѓу паровите се и два меча од шпанскиот куп, а ќе биде интересно да погодите како ќе заврши градското деби меѓу Бетис и Севилја. На Спортска прогноза се смета резултатот по 90 минути.

Стандардно неделната главна премија е мобилен телефон „ајфон 12“, и тоа за погодена Среќна 13-ка, односно погодени сите 13 парови. За 12 и 11 погодоци следуваат вредносни ваучери во Sport Life, во износ од по 1.000 и 500 денари.

Не чекајте, прогнозирајте!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести