13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Спортската прогноза се враќа на голема врата, со четири големи дербија!

Враќањето на клупскиот фудбал за претстојниот викенд значи и враќање на Спортската прогноза со спектакуларно 24-то коло, во кое има по две големи дербија и в сабота и в недела.

Првиот меч од новото коло не можеше да биде попредизвикувачки за прогнозирање, треба да се погоди исходот на премиерлигашкото дерби Манчестер сити – Ливерпул, меч кој се игра в сабота од 13.30 часот.

Другото големо саботно дерби е од Бундеслигата, Баерн во Минхен со новиот тренер Томас Тухел, кој во минатото ја водеше Борусија Дортмунд, ја пречекува Борусија во битка за првото место.

Од неделните мечеви во основната 13-ка на Спортска прогноза, најинтересни се дуелите Њукасл – Манчестер јунајтед и Наполи – Милан, со кого се затвора колото.

Тука се и резервните парови Кадис – Севиља и Вердер – Хофенхајм, кои се бројат во генералниот пласман, а таму по 23 кола во водство се Богољуб Ј. и Кирил П. со по 157 поени, а третиот Добре Т. има 154.

Како и во секое коло така и сега, главната мисија е да се погоди Среќна 13-ка, а со тоа да се добие шанса да се одбере еден од трите главни подароци.

За погодени перфектни 13 фикса може да се одбира еден од подароците: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X. Доколку имате само еден промашен пар, подарокот е вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а ваучер од 500 денари им следува за сите оние кои ќе имаат по 11 погодени натпревари.

- Оглас -

Најнови вести