Спортската прогноза со 25-тото коло е голем предизвик за учесниците во бесплатната игра што ја оргазнизираат Спорт Манија и Sport Life и за атак на прекрасниот „ајфон12“ ќе треба прецизно да се погодат 13 двојки, меѓу нив и исходите на две големи градски дербија во Европа.
Особено интересно ќе биде во Белград, на вечното дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан, и во Севилја, каде што играат големите градски ривали Севилја и Бетис.
Тие два дуели му даваат посебен шарм на 25-тото коло, кое е во тек за прогнозирање, но има уште 11 интересни натпревари, а секако треба да се внимава и на двата резервни пара во битката за што подобра позиција во Генерален пласман.
Играта е бесплатна и има само еден услов, да имате СЛ клуб картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и брзо може да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.
Време за да се приклучите со свои прогнози има до сабота, до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од популарната Тринаесетката меѓу Унион Берлин и Мајнц во Бундеслигата.