Вечното аргентинско дерби меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт му дава посебен шмек на 17. коло на Спортска прогноза, а вистински предизвик е да се прогнозира исходот на популарното Суперкласико во едно од највозбудливите ривалства во светот на спортот.
Од денеска веќе може да се прогнозираат мечевите од 17. коло во третата сезона на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
Рецептот веќе е познат во играта можат да учествуваат сите обложувачи во Sport Life што имаат СЛ картичка и тоа бесплатно за награди што се примамливи.
Премијата во секое коло е прекрасниот „ајфон 11“ што ќе го добијат прогнозерите кои ќе ги погодат сите парови на популарната „Тринаесетка“.
Sport Life ги наградува и утките, па за погодени 12 двојки наградата е вачер од 1.000 денари што може да се искористи за добитни тикети.
За две промашувања ви следи ваучер од 500 денари, а има топ-награди и за најдобрите во Генерален пласман, што ќе се доделат по завршувањето на третата сезона на Спортска прогноза.
Прогнозирањето е во тек, крајниот рок за да го одиграте 17. коло е во сабота во 15.30 часот кога почнуваат двата бундеслигашки дуели меѓу Ајнтрахт и Баер, односно Вердер и Унион Берлин.
Истиот ден ќе играат и Бетис против Севилја во уште едно многу познати градско дерби во светот на фудбалот, а тој меч е закажан за во 16,15 часот.
За ова коло поради неизвесната ситуација со Ковид-19 во англискиот фудбал одлучивме да понудиме само еден меч од Премиерлигата, меѓу Брајтон и Вулверхемптон што ќе се игра од 18.30 часот.
Во недела од 01,30 часот е главниот термин викендов за љубителите на најважната споредна работа на светот, а легендарната „Бомбоњера“ ќе биде во фокусот со новото големо дерби меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт.
Потоа ќе се играат четири дуели од Серија А во Италија, сите со почеток од 15 часот. Возбудувањата за учесниците во 17. коло на Спортска прогноза ќе продолжат со натпреварите меѓу Борусија Дортмунд и Волфсбург од 15.30 часот и со шпанскиот меч меѓу Еибар и Гранада од 18.30 часот, а оваа рунда завршува понеделнички со мечот на „Месталја“ меѓу Валенсија и Кадис.
Секако треба да се внимава и на резервните двојки, бидејќи носат важни поени во Генерален пласман, а шампионот во третата сезона на нашата бесплатна игра ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а со многу поени ќе бидат наградени и четворицата прогнозери што ќе бидат пласирани од второто до петтото место на крајот од сезоната.