Спортска прогноза: Трката за „ајфонот“ зависи од Eлмас и Наполи

Најновото 12-то коло на Спортска прогноза до утре попладне е достапно за прогнозирање, што значи дека има уште околу 25 часа за приложување на прогнозите на редовните, но и новите учесници. Трката за „ајфон 11“ може да да кроите стратегија и прогноза за да се освои топ-подарокот „ајфон 11“.

Дерби на колото е лондонската пресметка меѓу Челзи и Тотенхем во недела од 17.30 часот, интересен ќе биде и дуелот во Серија А меѓу Наполи и Рома од 20.45 часот, а интересна е и листата на награди за прогнозерите.

Токму од дербито на „Сан Паоло“ зависи како ќе се одвива трката за „ајфонот“ на засега над 1.700 прогнозери во ова коло бидејќи повеќето од нив (63,15%) очекуваат триумф на Наполи и Елиф Елмас против Волчицата.

Стандардно се наградуваат и прогнозерите што ќе утнат еден или два пара од основната програма со 13 натпревари, а во таков случај ќе може да искористите ваучери од 1.000 и од 500 денари во обложувалниците на Sport Life.

Многу интересна станува и битката за врвот во Генералниот пласман и разликата од лидерот Марко К., кој има 79 поени, до последниот во Топ-50 е само шест поени.И тука ќе има одлични награди, шампионот во третата сезона ќе се поднови со ТВ Смарт од 48 инчи, а најдобрите петмина прогнозери ќе добијат многу поени за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

Приклучете се во играта што, пред сè, нуди забава, но и одлични награди, а е едноставна и лесно можете да станете добитник на „ајфон 11“ или на некоја од многуте награди што се вклучени и за секое коло на Спортска прогноза, но и за конечниот поредок во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести