Спортска прогноза: Ц. ѕвезда или Партизан, кој има повеќе навивачи, тој ќе има и повеќе прогнози

Викендот кој доаѓа ќе изобилува со многу интересни мечеви, а најблиску до нас е големото белградско дерби меѓу Црвена звезда и Партизан. Овој ривалитет, според многу рангирања, е сместен дури и меѓу топ 10 во светот. Првото дерби е одиграно на петти јануари 1947 година и оттогаш веќе 72 години трае неверојатниот ривалитет на двата најтрофејни српски клубови.

Ѕвезда е доминантна сезонава и во 23 меча има 21 победа, две ремија и уште нема пораз. Партизан заостанува дури 15 бодови и речиси невозможно е „црно-белите“ да го стигнат големиот ривал. Со 60 постигнати погодоци, Ѕвезда го има најдобриот напад, но Партизан е со гранитна одбрана и досега прими само осум гола.

Првиот меч сезонава заврши 1-1, а ова ќе биде 159-то лигашко дерби. Ѕвезда има 63 победи, Партизан се радувал 46 пати, а 49 средби завршиле нерешено. Вкупно во сите натпреварувања играле 248 пати, а Ѕвезда е со 108 победи, Партизан има 78 триумфи, а 62 дуели се без победник.

Доколку сте навивач на еден од овие два клуба, без разлика каква е ситуацијата на табелата или формата, прогнозирањето сигурно ќе биде за својот омилен клуб. Сепак, треба добро да се размисли, бидејќи секое точно прогнозирање ве носи чекор поблиску до освојување на мобилен телефон iPhone XS, кој се доделува на оној прогнозер кој ќе ги погоди сите 13 парови во колото. И еден утнат меч може да ви донесе мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6, додека со 11 и 10 погодоци сте добитници на вредносни ваучери од Sport Life.

Секое коло на Спортска прогноза е посебна приказна, но важно е да се игра секој викенд за да се биде во подобра позиција во Генералниот пласман, каде што повторно има интересни добивки. Не чекајте многу и прогнозирајте за ова коло на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести