Новото 21-во коло на Спортска прогноза ќе биде едно од најинтересните досега во сите четири сезони бидејќи на менито на популарната Тринаесетка нема ниту еден натпревар од Топ-5 лигите во Европа.
Во Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција ќе нема прволигашки фудбал во викендот што следува, па вистински предизвик за прогнозерите во трката за „ајфон12“ ќе биде да се погодат натпреварите од останатите лиги.
Има и куп-натпревари, дуели од Африканскиот куп на нациите, а дерби на колото е квалификацискиот меч за Мундијалот во Катар меѓу Канада и САД што ќе се игра во недела од 21.05 часот.
Прогнозерите можат да ги подготвуваат своите стратегии од денеска, од 14 часот, кога ќе биде отворено за типување 21-вото коло, а последниот термин за да се приклучите е во сабота до 16 часот.