29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Спортска прогноза во полн налет, во второто коло има неколку „сигурни“ фиксови

Второто коло на популарната Спортска прогноза за типување ви нуди 13 меча од Топ-5 лигите во Европа и тоа е доволен предизвик да се вклучите во бесплатната игра и да чекате некоја од наградите. Максимален број погодени натпревари на популарната Тринаесетка носи прекрасна награда во секое коло, „ајфон 11“.

Во првото коло над 1.000 прогнозери типуваа и ја почнаа трката за неделните награди и за што подобра позиција во Генералниот пласман, но и сега не е доцна да се вклучите доколку не прогнозиравте во првото коло.

Прогнозирањето е во тек и можете да го попoлнувате вашиот тикет на интернет-страницата на Sport Life. Принципот е многу едноставен, треба да имате СЛ картичка или да сте активни учесници во ОНЛАЈН обложувањето Sport Life.

Во фокусот во оваа рунда е дуелот меѓу Челзи и Ливерпул од англиската Премиер лига. Дербито се игра в недела, на „Стемфорд бриџ“ во Лондон, а од оние што досега типувале, повеќемина се определиле за нерешено, додека бројот на тие што мислат дека ќе победат Сините е речиси ист со тие што типуваат на Црвените. Кај овој пар изедначеноста во процентите е голема, но има неколку меча на кои огромно мнозинство типувало за победа на домашните или гостите, па покрај такви „сигурици“, полесно е да се дојде до награда.

Вашите прогнози можете да ги ставате најдоцна до 15.30 часот в сабота, кога почнуваат двата дуели од Бундеслигата што се на менито на Тринаесетката во ова коло. Сите што ќе имаат по 12 погодени натпревари, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

Секако, важни се и поените од резервните парови во секое коло бидејќи важат во битката за подобри позиции во Генералниот пласман. Шампионот во Генералниот пласман ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има уште многу награди за учесниците во играта што привлече многу внимание, а е исклучително едноставна за играње и не ве чини ништо.

 

- Оглас -

Најнови вести