Спортска прогноза: Времето изминува, а „ајфонот“ го чека својот сопственик

Со враќањето на клупскиот фудбал во понудата на „среќна 13-ка“ при бесплатната игра Спортска прогноза, се зголемуваат шансите за освојување на главниот подарок „ајфон 12“. До 15.30 часот четвртото коло е достапно за прогнозирање, па така стандардните, но и потенијалните нови учесници имаат време уште неколку часа да ги приложат своите прогнози.

Со стартот на дуелот од Бундеслигата меѓу Леверкузен и Дортмунд се затвора можноста да прогнозирање, а овој меч е еден од поинтересните, но и попредизвикувачки за типување со една од трите опции, „кец“, „двојка“ или „икс“.

За италијанското дерби меѓу Наполи и Јувентус исто така е потребно подлабоко „мозгање“ за да се најде вистинскиот тип, а доколку дилемата е преголема можете да се потпрете на статистиката, односно според тоа како типувале мнозинството прогнозери. Милан против Лацио е уште едно дерби од Серија А кое ќе се одигра во недела, па и тој натпревар е еден од клучните во трката за „ајфонот“.

За потсетување, за учество во играта што е многу популарна и е бесплатна, потребно е само да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може брзо да се добие на сите уплатни места на обложувалницата.

- Оглас -

Најнови вести