Спортска срамота: Го пуштија да победи затоа што беше домашен атлетичар (Видео)

Во светот на спортот се видени најразлични ситуации, но тоа што се случи во Пекинг е голема срамота и покажување на неспортско однесување. Се трчаше полумаратонот во Пекинг, а веднаш по трката е започната истрага, и тоа поради тоа што победи домашниот атлетичар Хе Џие.

Победата немаше да биде спорна ако се знае дека двајца кениски натпреварувачи и еден етиописки атлетичар водеа во текот на целата трка и се очекуваше тие да бидат тројцата најдобри. Сепак, во финишот на маратонот, се случи скандал.

Кенијците Роберт Кетер и Вили Мнангат заедно со Хаили Бикили од Етиопија водеа до пред самиот крај, а потоа изненадувачки до нив се појави Џие. Сите четворица задно трчаа кон целата, а африканските атлетичари кои беа големи фаворити, едноставно на домашниот натпреварувач му дозволија да победи.

Џие е азиски првак во маратон, но очигледно беше дека доби помош од противниците за да победи на свој терен.

„Започнавме истрага и кога ќе ги имаме резултатите од неа, ќе ги објавиме јавно“, стои во соопштението на спортското биро на Пекинг.

- Оглас -

Најнови вести