23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Спортската прогноза денеска тргнува порано, одиграјте за „ајфон 12“ до 13.30 часот

Шесттото коло на Спортска прогноза што четврта сезона по ред ја организираат Sport Life и Спорт Манија ќе почне порано од стандардниот термин и за да се вклучите во игра за прекрасниот „ајфон 12“ рокот е до денеска до 13.30 часот.

Во тој термин се игра првиот пар на популарната Тринаесетка, дербито меѓу Челзи и Манчестер сити. Европскиот првак против актуелниот шампион на Англија само ќе го најават возбудливото коло со многу дерби дуели.

Денеска треба точно да се погодат исходите на вкупно пет меча, а фокусот покрај кон „Стемфорд Бриџ“ ќе биде насочен и кон „Месталја“ и „Џузепе Меаца“ каде ќе играат Валенсија и Атлетик Билбао, односно Интер со Аталанта.

Трката за „ајфон12“ што се доделува за прогнозерите кои ќе имаат максимален број на погодени натпревари ќе продолжи утре со уште 7 натпревари од Топ-5 лигите, а посбено интересни ќе бидат последните два.

Од 17.30 часот ќе се игра големото дерби на Северен Лондон меѓу Арсенал и Тотенхем, а половина час подоцна почнува римското дерби меѓу Лацио и Рома.

За крај на колото е понеделничкиот дуел во Премиерлигата меѓу Кристал Палас и Брајтон, кое може и да ја донесе првата голаме награда во оваа сезона, прекрасниот мобилен телефон.

И битката во Генералниот пласман како и секогаш е исклучително возбудлива, има многу кандидати за првата позиција што на крајот на сезоната ќе му донесе на шампионот ТВ Смарт од 48 инчи, па затоа треба да се внимава и на двете резервни двојки на Спортска прогноза,кои исто така носат поени.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести