Дванаесеттото коло на Спортска прогноза е во тек и е исклучително интересно и едно од најдобрите во петте сезони на забавната и бесплатна игра во организација на Sport Life и Спорт Манија.
Дерби-дуели има многу и не се знае што и каде ќе биде поинтересно. Прво на ред на менито на популарната Тринаесетка е големото турско дерби меѓу Галатасарај и Бешикташ.
Ќе гори Истанбул во сабота од 18 часот, а тој меч е во фокусот од петте саботни дуели што треба да се погодат од вкупно 13 за да се освои главната награда, што можете сами да си ја одбрете од трите предложени варијанти:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X.
Во недела стартот е со уште едно значајно дерби, лондонското меѓу Челзи и Арсенал од 13 часот.
Од 17.30 часот ќе се игра ново дерби во главниот град на Англија, меѓу Тотенхем и Ливерпул.
Веднаш потоа почнува италијанската сеанса, а во Рим ќе играат големите градски ривали Рома и Лацио од 18 часот.
Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер е од 20.45 часот, а и самата завршница е со уште две дербија.
Во Франција играат Марсеј и Лион од 20.45 часот и 15 минути подоцна ќе се игра градското дерби меѓу Бетис и Севилја.