Двојките за новото петто коло од Спортската прогноза на „Спорт Манија“ од вчера се на менито, а наградите се веќе познати и богати.
Се игра за главната премија, супер модерниот iPhone XS, што за влакно му побегна на Игор Данилов во минатото коло. Погоди 12 двојки, а „нулата“ на Валенсија и Реал Сосиедад беше клучна за прогнозата да не биде перфектна.
Но, и за 12-ка има одлична награда, а Игор си се поднови со мобилен телефон Samsung Galaxy A6. И покажа дека возможна мисија е да се стаса до главните награди, што е нов предизвик за нашите прогнозери, кои се се побројни од коло во коло.
И во петтата рунда како и секогаш има вистински предизвици. Најинтересно ќе биде во Бергамо, каде на хитот во Серија А, Аталанта на гости и доаѓа Милан. И интересно росонерите засилени со извонредните Пакета и Пјонтек ќе се обидат да ја прекинат серијата од 7 меча без победа против Аталанта.
Од 13-те парови што ги одбравме за Вас како нов предизвик во петтото коло на Спортската прогноза се издвојува и премиерлигашкото дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед.
Како да се игра по дебакл од 0:6 против Манчестер сити е прашањето што ги мачи симпатизерите на Челзи, а и Манчестер јунајтед доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ со прв пораз во ерата на Оле Гунар Солскјер. Пари Сен Жермен ги надигра и победи „црвените ѓаволи“, па ќе биде интересно да се типува мечот меѓу Челзи и Манчестер јунајтед.
И останатите парови се неизвесни, внимавајте на прогнозите и на резервните двојки, кои се сметаат во битката за Генерален пласман, што носи нова тура награда, кои ќе се доделуваат по осми мај, кога завршува пролетниот дел на нашата игра.
Типувањето на Спортска прогноза е бесплатно, наградите се вредни, а се што треба да направите е да читате Спорт Манија и да се вклучите со вашите прогнози.