Спортската прогноза е во фото-финиш, одиграјте до 15 часот за „ајфон 11“

Третата сезона на Спортска прогноза влегува во финиш и со ова коло што е во тек има вкупно уште три рунди во обидот да се освои прекрасната премија „ајфон 11“.

Предизвикот се уште постои и можеби токму во ова коло, 34. по ред може да се стаса до максимален број на погодоци, 13 и да се добие мобилниот телефон во бесплатната и забавна игра што Спорт Манија и Sport Life ја организираат трета сезона по ред.

Прогнозерите се подготвени, но се уште има време да се приклучите до 15 часот денеска, кога ќе почне првиот меч на популарната Тринаесетка, меѓу Верона и Специја.

Се што е потребно е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија за полн погодок што носи вредна награда, „ајфон 11“.

Ви бесплатната игра се наградуваат и промашувањата, со една утка се добива ваучер од Sport Life  во вредност од 1.000 денари, а за два кикса, или 11 погодоци ви следува ваучер од 500 денари.

Натпревари има многу и тоа исклучително интересни, во фокусот е големото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, награди исто така има многу, па не е доцна да и се приклучите на бројната армија редовни играчи на Спортска прогноза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести