Спортската прогноза го вози последниот круг сезонава, приклучете се во трката за „ајфонот“

Последното 34-то коло од втората сезона на Спортска прогноза е во тек и сè уште постои шанса некој од учесниците да се закити со прекрасниот „ајфон“ што го доделуваме за погодени 13 двојки.

Во првата сезона во играта што го привлече вашето внимание и е бесплатна и многу забавна имавме добитник на прекрасниот мобилен телефон, а во втората сезона сè уште го чекаме првиот прогнозер што ќе има перфектен биланс и 13 погодени натпревари, што е услов за да се закити со IPhone XS.

За крај на втората сезона на Спортска прогноза ви нудиме супер интересни натпревари и многу награди за учесниците. Стандардно сабота е ден за старт на колото и последен ден за типување, но тоа можете да го сторите веднаш за да се вклучите во трката за главната премија, „ајфонот“ што се доделува за перфектна прогноза и за погодени 13 натпревари од основната програма во секое коло.

Почетокот на натпреварите е задутре, од 16 часот со два дуели од Шампионат лигата меѓу Блекбурн и Ридинг и Свонси и Бристол сити. Малку подоцна е мечот од Калчото меѓу Калјари и Сасуоло, а програмата продолжува во недела со 9 натпревари.

Главното дерби ќе се игра на „Вембли“ меѓу Манчестер јунајтед и Челзи во првото полуфинале од ФА купот.  Ќе се игра во недела од 19 часот, а пред тој меч ќе треба да се погодат три двојки, две од Премиер лигата и една од Серија А.

Половина час подоцна по англиското дерби, Горан Пандев со Џенова игра меч за опстанок против Лече. Триумф им носи речиси сигурна виза за уште една сезона во најквалитетната италијанска лига.

И финишот на Среќната тринаесетка е со дуели од Калчото. Рома му е домаќин на Интер во недела од 21.45 часот, а завесата на втората сезона на Спортска прогноза ќе биде спуштена во понеделник, со големото дерби меѓу Јувентус и Лацио во ист термин од 21.45 часот.

Вообичаено има и два натпревари како резервна варијанта, а поените и од овие дуели се многу важни за Генерален пласман.

Не чекајте, прогнозирајте го последното коло за оваа сезона и очекувајте убави награди од Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести