По пауза од една недела, се враќа Спортската прогноза во своето седмо коло за оваа шеста сезона на популарната бесплатна игра за сите обложувачи со SL картички.
Типувањето може да почне и ќе трае до сабота во 15.30 часот, а на менито во основната понуда се 13 натпревари, на кои треба да се погоди конечниот тип за сами да одберете каков подарок сакате од трите во изборот што го дава Sport Life.
Колото стартува в сабота со мечот Унион Берлин – Штутгарт, а шлагер на денот е лондонското дерби Челзи – Арсенал.
Од неделните средби, најголемо дерби е Милан – Јувентус, меч кој е последен во основната понуда и по неговото завршување, ќе се знае дали имало успешни прогнозери кои ќе добијат подароци.
Со 13 погодени натпревари се добива еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 500 денари вредат 11 погодени фикса.