Спортската прогноза продолжува, типувајте за вредни награди

Второто пролетно коло на „Спортската прогноза“ почнува од денеска и ќе може да се типува за вредни награди до почетокот на првиот натпревар од популарната тринаесетка, до сабота во 15.30 часот.

На менито повторно се 13 фудбалски натпревари од европските лиги, плус два резервни парови. Има и дерби мечеви што се во фокусот на вниманието, како дуелите меѓу Феенорд и Ајакс, потоа и Милан – Наполи, Лацио – Јувентус, а играта е интересна и бара многу внимание и малку среќа за големи награди.

Време за типување има доволно, само треба добро да се анализираат и погодат понудените двојки во добропознатата „Спортска прогноза“.

Првата награда за секое коло е прекрасниот мобилен телефон „iPhone XS“, а за да го имате во колекцијата треба да ги погодите сите 13 двојки.

Со 12 погодени парови следи уште една многу вредна награда моблен телефон „„Samsung Galaxy A6 2018“.

Во секое коло има и ваучери за погодени 11 и 10 парови, а со континуирано учество ќе останете во игра за првите пет позиции во Генерален пласман на популарната 13-ка, кои исто така носат вредни награди.

- Оглас -

Најнови вести