Спортската прогноза продолжува во полна пареа: Ова се паровите за новото, 15-то коло

Пред нас е новото 15-то коло на Спортска прогноза, а тоа значи нова шанса за учесниците да атакуваат на примамлиниот „ајфон 11“. Новите 13 парови според имињата не би требало да се тешки за прогнозирање како во минатите неколку кола, кога преовладуваа дерби-натпревари, но сепак предизвикот е еднакво возбудлив кога станува збор за главниот подарок.

Новото коло е достапно за прогнозирање од денес во 14 часот, сè до сабота до 15:30 часот, односно до почетокот на првите натпревари од понудата, од бундеслигашките дуелите Аугсбург – Ајтрахт Франкфурт и Мајнц – Вердер Бремен, а завршува во понеделник со средбата од Премиер лигата меѓу Барнли и Вулверхемптон.

Она што треба да се потенцира се дербијата од Серија А меѓу Аталанта и Рома, односно гостувањето на Наполи и Елиф Елмас во Рим против Лацио, кои се предвидени за недела. Исто така тежок дуел за прогнозирање треба да биде саботната пресметка меѓу сегашниот лидер во Бундеслигата и актуелниот германски и европски првак Баерн Минхен.

За да ги дознаете преостанатите парови, кликнете на копчето ПРОГНОЗИРАЈ подолу и влезете во трката за главниот подарок. Секако дека на сила остануваат подароците за еден, односно два промашени парови, тоа се ваучери од 1.000 и 500 денари од Sport Life, a не заборавајте дека секој погоден пар влегува во збирот за Генерален пласман, каде што на крајот од сезоната на најдобриот прогнозер се доделува Смарт ТВ 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести