Спортската прогноза се враќа со нови предизвици за типувачите на најпопуларната бесплатна игра

После кратка пауза поради новогодишните и божиќните празници повторно се враќа бесплатната игра наSport Life, Спортската прогноза. Нови 13 натпревари се дел од 15. коло на најпопуларната бесплата игра, а најголемите предизвици за типувачите ќе бидат дерби-дуелите од Премиер лигата и Серија А.

Во недела во 17:30 часот Манчестер јунајтед ќе го пречека Тотенхем во премиерлигашкото дерби, додека нешто подоцна, односно во 20:45 часот ќе играат Милан и Рома.

Најмногу натпревари во новото коло од Спортската прогноза се од италијанската Серија А, вкупно четири, а еден меч помалку, односно три, има од првенството на Франција. По два натпревари се од шпанската Ла Лига, германската Бундес лига и англиската Премиер лига.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести