Прогнозерите се во одлична форма, покажа првото коло од четвртата сезона на Спортска прогноза. Tројца учесници во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија беа на чекор од освојување на „ајфон 12“, погодија дури 12 од 13-те понудени парови и освоија ваучери од по 1.000 денари, а 23-ца прогнозери кои стартуваа со 11 погодоци добија ваучери од Sport Life од 500 денари.
Затоа сè повеќе обложувачи што имаат СЛ картичка од Sport Life се приклучуваат во второто коло на Спортска прогноза и со свои типови на 13-те натпревари од основната понуда ќе се обидат да добијат некоја од вредните награди.
На менито за прогнозирање во второто коло најголемите дербија се играат во Ливерпул и Глазгов. На „Енфилд роуд“, во дербито на Премиер лигата, Црвените го пречекуваат Челзи, а интересно е што само 30 проценти од прогнозерите кои досега типувале, веруваат во победа на Ливерпул.
Затоа, на „Иброкс парк“ се знае кој е фаворит на прогнозерите. Две третини типуваат триумф на Глазгов ренџерс против лутиот ривал Селтик.
За да бидете учесници во играта што е забавна и бесплатна, ви треба СЛ картичка од Sport Life. Картичката исто така е бесплатна и можете да ја добиете на сите уплатни места на Sport Life.