По паузата од едно коло поради репрезентативните настапи, викендов повторно ќе може да ја пополните Спортската прогноза на Sport Life. Првиот натпревар започнува во сабота во 13 часот, а тоа е дербито на Премиер лигата помеѓу Манчестер сити и Ливерпул. Оние кои досега ја искористиле можноста за бесплатно типување голема предност му даваат на домаќинот. Дури 78% од играчите типувале на победа на Манчестер сити, додека за Ливерпул процентот е само 9,32%. На нерешено типувале 12,68%.
Помеѓу 13+2 натпревари има уште еден дерби-дуел, помеѓу Барен Минхен и Борусија Дортмунд. Тука процентот на типувачи кои очекуваат победа на домашните е уште поголем, односно 80,02%.
За секој прогнозер главен предизвик како во ова така и во секое коло е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 натпревари. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X).
Подароци има и за прогнозерите кои ќе имаат 12 и 11 погодоци. За 12 погодоци се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка тој ваучер изнесува 500 денари.