Ракометната федерација на Украина објави дека машкиот национален состав се повлекува од квалификациите за Светското пренство што ќе се игра во 2023 година.
Украинците требаше да играат два меча против Финска овој месец, но се откажаа, па сами се елиминираа.
Двата дуели веќе се регистрирани како победи на Финска од по 10:0 и оваа селекција ќе игра во вториот круг на квалификациите за Мундијалот што треба да се одржи идната година.
Противник на Финска ќе ѝ биде Хрватска, а двомечот ќе се игра на 13/14 април и на 16/17 истиот месец.
Македонија во првата фаза ќе игра со Романија, на 17 март на домашен терен и два дена подоцна како гостин, и ако ја минеме првата пречка, ривал ќе ни биде Чешка за настап на шампионатот што ќе се игра од 11 до 29 јануари во Полска и Шведска идната година.