Спортскиот директор на Баерн навивал за Црвена ѕвезда (Видео)

Црвена ѕвезда не успеа да направи изненадување на гостувањето кај Баерн Минхен и загуби со 3:0, а спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, призна дека во далечната 1991 година, кога Ѕвезда го елиминираше најтрофејниот германски клуб во тогашниот Куп на европски шампиони, сакал Црвено-белите да победат.

Салихамиџиќ посака на „Маракана“ да има атмосфера како што било во 1991 година, кога и тој бил на трибините во Белград.

„Знам колку е добра атмосферата на ’Маракана’. Бев таму во 1991 година, кога Баерн Минхен гостуваше. Бев со репрезентацијата на Југославија и имав шанса да ја почувствувам атмосферата. Се надевам дека и сега ќе биде исто таква“, рече Салихамиџиќ, кој запрашан за кого навивал на тој меч пред 28 години, со насмевка искрено одговори: „Нормално, за Ѕвезда навивав тогаш“.

 

- Оглас -

Најнови вести